Хјум Сити забележа победа од 3:2 против Престон Македонија во неизвесен и борбен натпревар, во кој гостите прикажаа голема желба, но сепак останаа без бодови.
Домашниот тим поведе во 29. минута преку Беју, со што Престон Македонија замина на пауза со негатива од 1:0.
Фудбалерите на Престон Македонија одлично го отворија второто полувреме. Веќе во 46. минута, Наоки Суто го израмни резултатот на 1:1 и внесе нова енергија во редовите на „лавовите“. Радоста траеше кратко, бидејќи само три минути подоцна Арон Калвер повторно го донесе Хјум Сити во водство од 2:1.
Престон Македонија не се предаде и продолжи со напади, што вроди со плод во 54. минута кога Стефан Зини погоди за ново израмнување – 2:2.
Сепак, финалниот удар го зададе домаќинот во 61. минута, кога Кристофер Мора го постави конечниот резултат од 3:2. До крајот, и покрај напорите, “лавовите” не успеаја да стигнат до нов погодок.
Престон Македонија ќе има можност за поправен веќе следниот натпревар. Во сабота, на 11 април, тимот на домашен терен ќе ја пречека екипата на Саут Мелбурн со почеток од 15:00 часот.
Тимот останува фокусиран и решен да се врати на победничките патеки.