Национална Премиер лигана Западна Австралија – 17. коло, Стирлинг Македонија– Перт Ред Стар 0:1

Стирлинг Македонија остана без бодови на домашен терен, откако минимално беше поразена од Перт Ред Стар со 1:0.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 52. минута, кога Г. Валси со брз продор ја затресе мрежата и го постигна единствениот гол на средбата, доволен за победа на гостите.

Иако резултатот не беше на страната на домаќинот, натпреварот уште еднаш покажа дека фудбалот носи многу повеќе од конечниот исход на семафорот.

Следниот предизвик за Стирлинг Македонија е во сабота, 18 јули, кога гостува кај Балката со почеток во 17:00 часот.

ТАБЕЛА
Бејсвотер Сити 34
Перт Ред Стар 34
Олимпик Кингсвеј 34
Перт Азури 30
Фриментл Сити 25
Стирлинг Македонија 23
Вестерн Најтс 22
Дианела Вајт Иглс 20
Соренто 20
Армадел 15
Перт Глори 13
Балката 11

Останати вести