Со висока победа ја завршија сезоната фудбалерите на Алтона Маџик Вардар, доминирајќи од почеток до крај. Домаќинот беше под притисок уште од првата минута кога Филип Хацопулос го отвори резултатот со водство за Алтона Маџик Вардар од 0:1. Следеа уште два гола за “црвено-црните” во првото полувреме, преку Ентони Френџи во 27` и повторно Хацопулос во 29 минута за 0:3.
Во второто полувреме Мелбурн Најтс намали преку Киаран Брамвел во 52 минута на 1:3. До крај на средбата како стрелци за Вардар се запишаа Локлан Гилард 68` и Билал Хабиб во 79 минута за конечните 1:5.
Алтона Маџик Вардар ја завршува сезоната на десеттото место, а лигата ја напуштаат последните три екипи: Мелбурн Виктори, Порт Мелбурн Шаркс и Мелбурн Најтс.
ТАБЕЛА
Авондаел 61
Хајделберг 57
Данденонг Тандер 53
Окли 49
Престон Македонија 47
Данденонг Сити 40
Хјум Сити 38
Грин Гали 31
Саут Мелбурн 28
Алтона Маџик Вардар 27
Сент Албанс 27
Мелбурн Виктори 18
Порт Мелбурн Шаркс 17
Мелбурн Најтс 15