Пожртвувана беше играта на Алтона Маџик која во првото полувреме не беше наградена, а во вториот дел домаќинот со единствениот погодок ја реши средбата и ги зеде бодовите. Решавачки играч за тоа беше нововлезениот Јагуб Мустафа кој во 86 минута, по една несмасна акција со силен шут во шеснаесетникот успеа да ја протне топката помеѓу играчите во мрежата на Роси за 1:0.
После овој пораз Алтона Маџик падна за две места подолу на табелата и сега е деветта. Следната средба ќе биде уште поголем предизвик бидејќи ќе се игра со лидерот.
Алтона Маџик Вардар настапи во следниот состав: Роси, Кастиело, Стојчевски, Микалеф, Гамо, Џонас Марковски, Лич, Семи, Марковски, Гонзалес и Куба.
Во сабота, на 27 мај, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Авондаел со почеток во 18:15 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 37
Саут Мелбурн 37
Окли Канонс 32
Мелбурн Најтс 30
Порт Мелбурн 21
Данденонг Тандер 19
Грин Гали 18
Хјум Сити 17
Алтона Маџик Вардар 17
Сент Албанс Саинтс 13
Хајделберг Јунајтед 13
Бентли Гринс 9
Мореланд Сити 9
Норт Џилонг 7