Висока победа во гости која беше сосема заслужена а домаќинот беше целосно надигран. Првиот гол го постигна Стефен Лоулес во 34 минута, од извонредна акција во два потези се пренесе топката од одбрана во напад и заврши со ефектен лоб за 0:1.
Во второто полувреме Бул Џуак во 57 минута зголеми на 0:2. Следеше уште еден гол на Лоулес во 69 минута за 0:3. Конечниот резултат го постави Саад Моукачар во 86 минута за високите 0:4. Ова беше многу потребна победа за Алтона Маџик за враќање на самодовербата по двата пораза во низа и за зацврстување на позицијата на средина од табелата.
Во сабота, на 15 јуни, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Грин Гали со почеток во 18:15 часот.
ТАБЕЛА
Саут Мелбурн 44
Авондале 39
Окли Канонс 37
Хајделберг Јунајтед 33
Хјум Сити 33
Порт Мелбурн Шаркс 28
Данденонг Сити 22
Алтона Маџик Вардар 20
Грин Гали 19
Мелбур Најтс 16
Данденонг Тандер 15
Манингам Јунајтед Блуз 10
Мореланд Сити 7
Сент Албанс 7