Национална премиер лига на Викторија, 11 коло, Мореланд Сити –Алтона Маџик Вардар 2:3

Уште една важна победа што ќе ги израдува сите симпатизери на Вардар и нови три бодови. Домаќинот преку пенал во 14 минута дојде до водство, а стрелец беше Апаи Укуно за 1:0. Алтона Маџик Вардар пред крај на првото полувреме во 42 минута преку Нуџ Сехавдиќ успеа да изедначи на 1:1.

Во второто полувреме Мореланд Сити повторно дојде до водство во 75 минута со голот на Хосе Арансиба за 2:1. Таа нивна радост траеше многу кратко бидејќи една минута подоцна Дарси Анастасовски изедначи на 2:2.

Конечниот резултат и победата за Алтона Маџик Вардар ги донесе Џавад Резаи во 84 минута за 2:3.

Во петок, на 3 мај, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Хјум Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Саут Мелбурн 26
Авондаел 23
Хајделберг Јунајтед 22
Хјум Сити 22
Окли Канонс 22
Порт Мелбурн 18
Данденонг Сити 16
Алтона Маџик
Вардар 13
Мелбурн Најтс 11
Грин Гали 11
Данденонг Тандер 11
Манингам Сити 9
Сент Албанс Саинтс 7
Мореланд Сити 0

Останати вести