Национална премиер лига на Викторија, 12 коло, Бентли Гринс – Алтона Маџик Вардар

Интересна средба во која Алтона Маџик успеа да направи пресврт и заслужено ги освои трите бода. Домаќинот од самиот почеток започна силно да врши опсада на голот на црвено–црните, и после 22 минути игра Теодоракопулос со прецизен шут од казнениот простор ја затресе мрежата за 1:0. После тоа Бентли се повлече и го бранеше водството овозможувајќи им на играчите на Алтона Маџик да напаѓаат.
Во второто полувреме, во 61 минута, Томи Семи одбиената топка од стативата што се одби надвор од шеснаесетникот со силен удар ја испрати во мрежата за 1:1. Едвај поминаа две минути и во наредната акција Киан Куба со топовски шут во долниот лев агол ја затресе мрежата за конечните 1:2.
Фудбалерите на Алтона Маџик Вардар под раководство на тренерот Џон Марковски покажуваат солидни игри оваа сезона и заслужено котира на средина од табелата.
Во сабота, на 13 мај, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Порт Мелбурн Шаркс со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА
Авондаел 31
Саут Мелбурн 28
Окли Канонс 26
Мелбурн Најтс 22
Грин Гали 18
Порт Мелбурн 18
Алтона Маџик Вардар 17
Хјум Сити 14
Данденонг 14
Хајделберг Јунајтед 13
Мореланд Сити 9
Сент Албанс Саинтс 7
Норт Џилонг 7
Бентли Гринс 6

Останати вести