Под раководство на тренерот Горан Лозановски, Хјум Сити ја оствари својата втора победа оваа сезона и за жал тоа се случи над нашата Алтона Маџик Вардар. Како поранешен тренер на “магичните” добро знаеше да ги искористи сите слабости. Од самиот почеток се чуствуваше дека домаќинот ќе стори се за да ги освои бодовите што се витални за нивниот опстанок во лигата. Првиот гол кој падна во 23 минута, се случи по слободен удар во кој топката падна пред голот и во една мешаница капитенот Џош Бингам успеа да ја протне топката во мрежата за 1:0. Осоколени од постигнатиот гол домаќините со голема ангажираност вршеа притисок по целиот терен и за две минути постигнаа уште еден гол во кој Мич Купер добро реагираше на уфрлената топка за 2:0.
Во второто полувреме продолжи рамноправна игра во која двете екипи имаа свои моменти, но за жал Алтона Маџик не успеа да постигне гол. Додека домаќинот во 79 минута преку Алекс Валтер успеа да го зголеми водството на 3:0.
Во сабота, на 28 мај, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Грин Гали со почеток во 18 часот.