Победа на Престон пред домашната публика со резултат од 2:1 кој можеше лесно да биде и изедначен од прикажаното. Гостите во првото полувреме имаа повеќе сериозни шанси но одбраната на “лавовите” во последен момент успеа во неколку моменти да ја спаси мрежата со што се замина на крајот од првиот дел без голови.
Во второто полувреме играта беше поизедначена и започна да се атакува пред голот на Данденонг Сити и во 65 минута по една брзопотезна акција Конор Бел ја затресе мрежата за 1:0. Едвај поминаа седум минути и веќе беше 2:0, а стрелец на голот беше капитенот Деларно Фаро. Тој извонредно ја проби одбраната на гостите и сам се најде во шеснаесетникот од каде беше прецизен. Следеше уште една добра акција во која Конор Бел шутираше непрецизно. Се играше 90 минута кога од слободен удар Хамакиотис успеа да го совлада голманот Галиа кој беше изненаден од како топката го смени правецот кога удри во земјата пред него и ја затресе мрежата за 2:1.
Во петок, на 9 јуни, Престон Македонија ја пречекува екипата на Вестерн Јунајтед со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Престон Македонија 30
Кингстон Сити 27
Вестерн Јунајтед 27
Данденонг Сити 26
Истерн Лајонс 25
Вереби Сити 23
Норткот Сити 23
Манингам Јунајтед 23
Мелбурн Сити 22
Лангварин 22
Брансвик Сити 20
Паско Вале 20
Булин Лајнонс 19
Мореланд Зебрас 14