Вечерниот натпревар што се играше без публика минатиов петок, беше вистинско фијаско за фудбалерите на Престон Македонија што сигурно ќе сакаат да го заборават. Домашниот тим од почеток до крај доминираше и во 5 минута преку Матју Денч дојдоа до водство од 1:0. Две минути подоцна Адем Дуратовиќ зголеми на 2:0. Одбраната на “лавовите” изгледаше очајна кога во 10 минута Асад Касумовиќ ја затресе мрежата за 3:0. Истиот играч во 19 минута повторно се запиша како стрелец за високи 4:0.
После тоа имаше уште неколку шанси кои за среќа не беа искористени од Окли инаку поразот ќе беше уште потрагичен. За првата шанса на Престон Македонија се чекаше кон крајот на првиот дел.
Во второто полувреме можеби домаќинот беше задоволен од резултатот или пак се разбудија фудбалерите на Престон и голот остана недопрен.
Во недела, на 6 јули, Престон Македонија ја пречекува екипата на Порт Мелбурн Шаркс со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Хајделберг 48
Авондаел 45
Данденонг Тандер 40
Окли 37
Хјум Сити 31
Престон Македонија 29
Данденонг Сити 28
Грин Гали 26
Саут Мелбурн 22
Алтона Маџик Вардар21
Сент Албанс 20
Мелбурн Виктори 15
Порт Мелбурн Шаркс 15
Мелбурн Најтс 10