Национална премиер лига на Викторија, 21 коло, Алтона Маџик Вардар – Хајделберг Јунајтед 3:2

Пред почеток на средбата на капитенот Воерндл му беше дадено признание за неговиот 50-ти настап во дресот на Алтона Маџик. Во сабота навечер се играше возбудлива средба со убави акции преку целиот терен и голема самодоверба на играчите пред домашната публика.
Во 8 минута Алтона Маџик постигна гол чист гол кој за жал беше поништен поради наводен офсајд. Создавајќи постојано шанси црвено-црните најавуваа дека ќе ја затресат мрежата и тоа му успеа на Клан Куба, кој прво одзема топка и со удар од преку 30 метри ја разнесе мрежата за 1:0. Гостите во 33 минута го изедначија резултатот преку пенал што прецизно го изведе Антони Теодорополус за 1:1.
Во второто полувреме се играше 67 минута кога неочекувано Хајделберг во неколку потези се најде пред голот и нововлезениот Шон Елис донесе водство за нив од 1:2. Џонас Марковски во 77 минута стави круна на добриот напад во кој Лич извонредно се ослободи од одрбаната и направи брз пробив кон казнениот простор. Во вистински момент ја додаде топката до Марковски кој не промашува од таа далечина за 2:2. Екипата продолжи со истата брза игра и во 90 минута Дарси Анастасовски го постигна победоносниот гол за 3:2.
Можеме да заклучиме дека во завршницата од првенството вардарци играат борбен и допадлив фудбал со младиот тим под раководство на легендарниот тренер Џон Марковски и заслужено се на шестото место.
Алтона Маџик Вардар настапи во состав: Роси, Андерсон, Стојчевски, Гамо, Марковски, Лич, Семи, Алувалиа, Марковски, Воерндл и Куба.
Во недела, на 16 јули, Алтона Маџик гостува кај Сент Албанс Сеинтс со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 56
Оакли Канонс 51
Саут Мелбурн 49
Порт Мелбурн 37
Мелбурн Најтс 35
Алтона Маџик Вардар 33
Грин Гали 31
Данденонг Тандер 24
Хајделберг Јунајтед 21
Хјум Сити 20
Сент Албанс Саинтс 16
Бентли Гринс 14
Мореланд Сити 13
Норт Џилонг 13

Национална премиер лига 3 на Викторија, 17 коло
Џилонг Македонија – Норт Саншајн Иглс 0:2

Разочарувачки пораз пред домашната публика на Стеад Парк. Во првото полувреме се играше без голови, но во вториот дел Норт Саншајн со головите на Зак Малтби 51` и Радуан Сарак во 87 минута славеше победа од 0:2.
Во изминатите шест средби Џилонг Македонија има освоено само два бода и не изненадува што сега е во опасната зона за испаѓање од лигата.
Во сабота, на 15 јули, Џилонг Македонија гостува кај Нанавадинг Сити со почеток во 15 часот.

Национална премиер лига 2 на Викторија, 21 коло
Мореланд Зебрас – Престон Македонија 0:0

На вечерниот натпревар на студеното време се играше посен фудбал минатиов петокот, и гостувањето за Престон Македонија кај Бранзвик Јувентус заврши без голови 0:0.
Како што привршува сезоната се повеќе е очигледно дека Престон Македонија има пад во формата и се мачи да извлече бод на секоја средба. Во минатите пет одиграни натпревари нема ниту една победа само нерешени резултати, што е подобро од редење порази, но тешко дека може да се добие промоција оваа сезона. Едноставно нападот изгледа без идеја пред голот и има проблем да постигне гол.
Сега фудбалерите Престон сета надеж ќе ја стават во дуелот кој мора да се добие следната недела против лидерот Кингстон Сити. Треба да се подвлече дека ситуацијата на врвот станува покомплицирана и неизвесна бидејки има повеќе екипи со сличен број на бодови и намера за промоција во НПЛ 1.
Во петок, на 14 јули, Престон ја пречекува екипата на Кингстон Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Кингстон Сити 40
Вестерн Јунајтед 38
Данденонг Сити 36
Престон Македонија 35
Истерн Лајонс 30
Манингам 29
Лангварин 29
Норткот Сити 27
Мелбурн Сити 26
Вереби Сити 26
Брансвик Јувентус 25
Булин Лајонс 23
Брансвик Сити 23
Паско Вале 20

Национална премиер лига на ЗА, 16 коло
Стирлинг Македонија – Армадел 2:0

Победа со која се држи чекор за првото место на табелата. Стрелци на головите за Стрилинг Македонија во вториот дел беа Даниел Финчли во 46и Ашер Нелсон во 68 за конечните 2:0.
Во сабота, на 15 јули, Стирлинг гостува кај Кокбурн Сити со почеток во 17 часот.

ТАБЕЛА

Перт Ред Стар 29
Стирлинг Македонија 29
Балката 25
Армадел 23
Олимпик Кингсвеј 23
Перт 22
Перт Глори 22
Бејсвотер Сити 22
Соренто 20
Кокбурн Сити 20
Инглвуд Јунајтед 18
Флореат Атена 17

Останати вести