Национална Премиер Лига на Викторија – 1. коло, Окли – Престон Македонија 1:3

Престон Македонија ја започна сезоната со победа во гости против лутиот ривал. По почетното водство на домаќинот, момците реагираа силно, покажаа карактер и самодоверба и целосно ја презедоа контролата на натпреварот. За жал, на оваа средба се повреди Дамиан Божиновски и сите од клубот му посакуваат што побрзо закрепнување.

Првиот гол го постигна домаќинот во 4. минута за водство од 1:0. Резултатот беше израмнет во 42. минута со погодок на Чиан Куба, па на полувреме се замина со 1:1.

Во вториот дел, пред самиот крај, Лејтон Брукс го реши натпреварот со два гола во 86. и 88. минута за конечни 1:3.

Во петок, на 20 февруари, Престон Македонија ја пречекува екипата на Сент Албанс со почеток во 20:30 часот.

Останати вести