Професионално одигран натпревар на гостински терен, во кој Престон Македонија освои нови три бода, совладувајќи го Мелбурн Сити со убедливи 0:3. Дисциплинирани во одбраната, конкретни и ефикасни во нападот – „лавовите“ прикажаа тимска игра од првата до последната минута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 27. минута, кога домаќинот остана со играч помалку. Бесиан Кутлеши заработи заслужен црвен картон, оставајќи го својот тим во тешка позиција до крајот на средбата.
Престон Македонија знаеше како да ја искористи бројната предност. Во 43. минута Ајден Брис ја отвори резултатската сметка и донесе водство од 0:1. Само две минути подоцна, во 45. минута, Џејсон Ромеро зголеми на 0:2.
Во второто полувреме, Престон Македонија рутински ја контролираше играта, не дозволувајќи му на Мелбурн Сити да создаде посериозна закана. Конечните 0:3 ги постави Стефан Зини во 89. минута, за убедлива победа на Престон Македонија.
Следното коло, в недела на 8 март со почеток во 15 часот, Престон Македонија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Хајделберг Јунајтед, во натпревар од кој се очекува ново возбудување за навивачите.
ТАБЕЛА
Џорџ Крос 7
Окли Канонс 6
Саут Мелбурн 6
Хајделберг Ј. 6
Хјум Сити 6
Бентли 4
Мелбурн Сити 4
Престон Македонија 3
Авондаел 3
Алтона Маџик Вардар 3
Данденонг Тандер 1
Сент Албанс 1
Данденонг Сити 0
Грин Гали 0