Екипата на Алтона Маџик Вардар претрпе пораз од 1:2 на домашен терен од Саут Мелбурн, иако натпреварот го започна мошне добро и имаше предност по првото полувреме.
„Магичните“ беа поактивниот противник во воведните минути и заслужено стигнаа до водство во 24. минута, кога по досуден пенал сигурен реализатор беше Ајман Сордо за 1:0. Фудбалерите на Алтона Маџик Вардар ја контролираа играта и заминаа на одмор со минимална предност.
Сепак, клучниот момент се случи во 53. минута од второто полувреме, кога Лирим Елмази заработи црвен картон, оставајќи го својот тим со играч помалку. Бројната предност гостите знаеја добро да ја искористат. Нахуел Бонада со два брзи гола во 60. и 64. минута направи целосен пресврт и му донесе победа на својот тим од 1:2.
И покрај борбеноста до самиот крај, Алтона Маџик Вардар не успеа да се врати резултатски во натпреварот.
Во следното коло, в сабота, на 7 март, со почеток од 18:15 часот, Алтона Маџик Вардар на домашен терен ќе ја пречека екипата на Сент Албанс.