Во рамките на 11. коло од Национална Премиер лига на Викторија, екипата на Престон Македонија оствари значајна победа во гости над Данденонг Тандер со резултат 0:1.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Чиан Куба, кој во 34. минута ја затресе мрежата на домаќините и ѝ донесе три вредни бода на својата екипа.
Фудбалерите на Престон Македонија прикажаа дисциплинирана и цврста игра во текот на целиот натпревар, успешно одржувајќи ја предноста до последниот судиски свиреж.
Со оваа победа на гостински терен “лавовите” се искачија меѓу првите шест екипи на табелата.
Во следното коло, на 8 мај (петок), Престон Македонија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Данденонг Сити, во натпревар кој започнува во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Окли 23
Саут Мелбурн 21
Хајделберг 20
Хјум Сити 20
Авондаел 19
Престон Македонија 14
Мелбурн Сити 14
Бентли 14
Џорџ Крос 14
Сент Албанс 13
Данденонг Тандер 11
Алтона Маџик Вардар 10
Данденонг Сити 8
Грин Гали 3