Екипата на Алтона Маџик Вардар забележа важна победа од 1:0 против Данденонг Сити, во еден возбудлив натпревар.
Херој на средбата беше Гаранг Ароу, кој во 21. минута го постигна единствениот погодок, искористувајќи ја шансата во вистински момент и носејќи ѝ предност на екипата на “црвено црните”.
Алтона Маџик Вардар одигра тактички зрело, притискајќи на вистинските места и реализирајќи кога беше најпотребно. Натпреварот доби дополнителна драматика во завршницата, кога гостите останаа со играч помалку – Хери Аскрофт во 80. минута доби црвен картон и автоматско исклучување од игра.
Со оваа победа Алтона Маџик Вардар се искачи на 12 место на табелата и го насочува фокусот кон следниот предизвик.
Во наредното коло, на 9 мај (сабота), Алтона Маџик Вардар ќе гостува кај Авондаел, во натпревар што ќе започне во 15:00 часот.