Престон Македонија оствари убедлива и целосно заслужена победа од 2:0 на гостувањето кај Џорџ Крос. „Лавовите“ доминираа во текот на целиот натпревар, создавајќи голем број можности и контролирајќи ја играта. Победата можеше да биде и поубедлива доколку беа реализирани уште неколкуте изгледни шанси.
Првиот гол падна од пенал во 64. минута, кога Лука Тевере имаше деби од соништата по враќањето во клубот, постигнувајќи погодок за водство на Престон Македонија. Конечните 2:0 ги постави Лејтон Брукс во 97. минута, со што ја круниса одличната тимска партија и ги обезбеди трите бода за својот тим.
Од клубот упатија благодарност до своите навивачи кои допатуваа на гостувањето и во текот на целиот натпревар ја даваа својата поддршка, истакнувајќи дека нивната верност и поддршка се од големо значење за екипата.
Во следното, 19. коло, Престон Македонија ќе гостува кај Авондаел. Натпреварот ќе се одигра во сабота, 4 јули, со почеток во 15:00 часот.
ТАБЕЛА
Окли 40
Хјум Сити 39
Авондаел 34
Хајделберг 30
Мелбурн Сити 26
Престон Македонија 26
Џорџ Крос 25
Саут Мелбурн 25
Данденонг Сити 21
Сент Албанс 21
Алтона Маџик Вардар 19
Бентли 16
Данденонг Тандер 12
Грин Гали 4