Престон Македонија освои значајни три бода, совладувајќи го Хјум Сити со 2:1 пред домашната публика во Резерво.
По израмнетото прво полувреме без голови, “лавовите” го отворија резултатот веднаш по паузата. Во 49. минута Лука Тевере беше сигурен реализатор од белата точка и ѝ донесе предност на Престон Македонија.
Предноста беше зголемена во 64. минута, кога Стефан Зини ја затресе мрежата на гостите за 2:0, крунисувајќи уште едно одлично издание на својот тим.
Хјум Сити во завршницата успеа само да го намали поразот во 77 минута, исто така од пенал, преку Биркан Кирдар, кој ги постави конечните 2:1.
Со оваа победа Престон Македонија освои големи три бода на враќањето на домашниот стадион „Џенис Стил Стадиум“ и продолжува со добри настапи во првенството.
Во рамките на 21. коло, Престон Македонија во сабота, на 18 јули, му гостува на Саут Мелбурн. Натпреварот е закажан со почеток во 15:15 часот.
ТАБЕЛА
Окли 44
Хјум Сити 40
Авондаел 34
Престон Македонија 32
Хајделберг 32
Саут Мелбурн 31
Мелбурн Сити 29
Џорџ Крос 26
Данденонг Сити 22
Алтона Маџик Вардар 22
Сент Албанс 22
Бентли 16
Данденонг Тандер 15
Грин Гали 10