Национална премиер лига на Викторија, 5 коло, Алтона Маџик Вардар – Грин Гали 1:2

Физички цврст натпревар кој се играше машки од почеток до крај. За жал епилогот беше кисел за нашиот тим, а гостите ги зедоа трите бода и Алтона Маџик Вардар го доживеа првиот пораз на домашен терен. Грин Гали дојде прв до водство во 14 минута преку Пирс Варинг за 0:1. После изведениот корнер имаше неколку опасни моменти пред голот на Боулинг и на крај Варинг ја затресе мрежата. Со овој резултат се замина одмор на крајот од првиот дел.
Во второто полувреме талентираниот стрелец Џонас Марковски во 63 минута мајсторски изедначи на 1:1.    Иницијативата полека ја преземаше Алтона но сосема неочекувано во 82`, при еден продорен напад на Нахуел Бонада кој успешно се снајде и топката му ја зеде пред рацете на голманот и без проблем ја испрати во мрежата за 1:2. До крајот се играше без вистинска завршница пред голот и Алтона Маџик го доживеа својот втор пораз оваа сезона.
Во петок, на 24 март, Алтона Маџик гостува кај Мелбурн Најтс со почеток во 19:30 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 13
Саут Малебурн 12
Окли Канонс 10
Грин Гали 9
Мелбурн Најтс 8
Данденонг Тандер 7
Хјум Сити 6
Сент Албанс Саинтс 6
Порт Мелбурн 5
Алтона Маџик Вардар 5
Мореланд Сити 5
Хајделберг Јунајтед 4
Норт Џилонг 3
Бентли Гринс 0

Останати вести