Национална премиер лига на Викторија, 8 коло, Алтона Маџик Вардар – Данденонг Сити 2:0

Супериорен настап на Алтона Маџик Вардар пред домашната публика. Од самиот почеток фудбалерите на Вардар го диктираа темпото и во 6 минута при еден брз напад Џејмс Зидиас се најде пред голот од каде прецизно ја затресе мрежата за 1:0. Продолжи опсадата на гостинскиот гол и се редеа акции без вистинска завршница и до крајот на првото полувреме остана резултатот непроменет.

Во второто полувреме се играше 52 минута кога мудар соло продор на Аидара му овозможи да влезе во шеснаесетникот од каде незадржливо шутираше за 2:0. До крајот на средбата со борбена игра и иницијатива по целиот терен не се дозволи на Данденонг Сити да создаде ниту една вистинска шанса. Гостите беа толку очајно слаби што преку целиот натпревар не успеаја да упатат ниту еден прецизен удар кон голот. Заслужено се освоени трите бода за фаќање приклучок кон средината од табелата и сега треба да се мисли кон следниот предизвик.

Подмладокот на Алтона Маџик забележа сигурна победа од 4:2.

Алтона Маџик Вардар: Олдфилд, Али, Кастиело, Лиа, Стојчевски, Аидара, Скапетис, Хацимуратис, Хардинг, Алувалиа и Зидиас.

Во сабота, на 16 април, Алтона Маџик Вардар гостува кај Авондаел со почеток во 15:15 часот.

Останати вести