Национална премиер лига на Викторија, 9 коло, Алтона Маџик Вардар – Сент Албанс Саинтс 1:0

Освоени се важни три бодови за Алтона Маџик Вардар против екипа која сега ја прескокна на табелата. Стрелец на единствениот гол на средбата пред крај на првото полувреме од пенал беше  Дарси Анастасовски.

Во второто полувреме водството беше зачувано и не се дозволи никакво изненадување до последниот свиреж на судијата.

Алтона Маџик Вардар: Кристиан Роси, Арон О`Дрискол, Џон Стојчевски, Натан Либерто, Џеј Кели, Сад Моукачер, Бул Џуач, Алекс Густ, Мохамед Ел Хаули и Исмаил Хаџи.

Во сабота, на 20 април, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Мелбурн Најтс со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА

Саут Мелбурн 23
Авондаел 20
Хајделберг Јунајтед 19
Хјум Сити 19
Окли Канонс 16
Порт Мелбурн Шаркс 15
Данденонг Сити 13
Мелбурн Најтс 11
Манингам Јунајтед 9
Данденонг Тандер 8
Грин Гали 8
Алтона Маџик Вардар 7
Сент Албанс Саинтс 7
Мореланд Сити 0

Останати вести