Национална премиер лига на Западна Австралија, 14 коло, Перт – Стирлинг Македонија 2:2

Со поделба на бодовите заврши средбата помеѓу двата блиски клуба. Традиционално изминативе единаесет години средбата помеѓу Стирлинг Македонија и Перт е посветена во сеќавање на Дилан Томбидис, кој на 20 години почина од рак и беше фудбалер во двата клуба. Во првото полувреме со головите на Алекс Таневски и Ашер Нелсон во 2` и 28 минута, двапати Стирлинг беше во предност. Домаќинот првиот пат изедначи во 20 минута со голот на Абдула Осман и вториот пат во 66` преку Даниел Финеку за 2:2. Пред крајот на средбата во 88` Лука Хајрингер доби втор жолт и со тоа Перт остана со играч помалку.

Треба да се потенцира дека оваа година е значајна за Стирлинг Македонија, бидејки за прв пат се пласира помеѓу 32 клубови што ќе играат за Купот на Австралија.

Во сабота, на 5 јули, Стирлинг Македонија гостува кај Фриментел Сити со почеток во 17 часот.

ТАБЕЛА
Бејсвотер Сити 36
Олимпик Кингсвеј 32
Перт Глори 28
Перт Ред Стар 24
Перт 21
Армадел 20
Вестерн Најтс 17
Стирлинг Македонија16
Соренто 12
Балката 10
Фриментл Сити 9
Флореат Атена 4

Останати вести