Последното коло за Стирлинг Македонија беше само формалност за потврдување на второто место на табелата, а од другата страна, за домаќинот, тоа беше игра за опстанок во лигата. “Лавовите“ имаа водство на почеток на второто полувреме, но домаќинот со многу среќа во 84 минута успеа да изедначи.
Честитки за Стирлинг Македонија која за три бода оваа сезона не заврши како шампион.
Во петок, на 1 септември, е закажан пријателски натпревар помеѓу Стирлинг Македонија и А–лигашот Перт Глори. Средбата се игра на Македонија парк со почеток во 19 часот. Влезот е $10 за возрасни, $5 за пензионери а за децата под 16 години е бесплатно.