Национална премиер лига на ЗА, 3 коло, Стирлинг Македонија – Перт 3:3

Прв бод за Стирлинг оваа сезона во интересен и возбудлив натпревар што се играше на Македонија парк. Во 18 минута Џошуа Билалоски донесе водство од 1:0. Гостите пет минути подоцна изедначија преку Гордон Перкинс. Следеа два голови на Стирлинг, повторно во  24` Билалоски и Дани Даглас во 43 минута за 3:1.

Во вториот дел гостите имаа добар пресврт со головите на Лука Хирнингер во 47` и Гордон Перкинс во 71 минута за конечните 3:3.

Во сабота, на 5 април, Стирлинг Македонија ја пречекува екипата на Фриментл Сити со почеток во 18 часот.

Табела
Олимпик Кингсвеј 9
Бејсвотер Сити 9
Перт Глори 7
Перт 7
Вестерн Најтс 4
Балката 3
Армадел 2
Перт Ред Стар 2
Соренто 1
Стирлинг Македонија 1
Флореат Атена 1
Фриментл Сити 0

Останати вести