Во духот на одбележувањето на АНЗАК, пред почетокот на натпреварот двата клуба и нивните навивачи оддадоа почит со едноминутно молчење во чест на храбрите мажи и жени кои служеле и се жртвувале за својата земја.
Натпреварот започна динамично, а домаќинот уште во 12. минута успеа да дојде до водство. Само десет минути подоцна, Армадел остана со играч помалку, што Стирлинг Македонија го искористи за да израмни и да се врати во игра. Сепак, и покрај бројчаната негатива, Армадел покажа карактер и пред крајот на првото полувреме повторно поведе со 2:1.
Во второто полувреме, Стирлинг Македонија целосно ја презеде иницијативата. Со организирана и напаѓачка игра, и во три наврати ја затресоа мрежата на домаќинот и направија комплетен пресврт за конечни 2:4.
Во следното коло, во сабота на 9 мај, Стирлинг Македонија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Дианела Вајт Иглс, со почеток во 17:00 часот.
ТАБЕЛА
Олимпик Кингсвеј 17
Перт Реед Стар 17
Стирлинг Македонија 15
Бејсвотер Сити 14
Вестерн Најтс 14
Соренто 14
Перт Азури 13
Фриментл Сити 9
Дианела Вајт Иглс 9
Перт Глори 6
Балката 3
Армадел 2