Со голем оптимизам и високи амбиции, Рокдаел Илинден ги привршува подготовките за стартот на новата сезона во Националната Премиер лига на НЈВ. Нашиот најуспешен клуб во ова натпреварување е подготвен за нови предизвици и борба за врвот на табелата.
Во рамките на првото коло Рокдаел Илинден ќе го одигра воведниот натпревар на гостински терен против екипата на Вестерн Сиднеј Вондерерс. Средбата е закажана за недела, 8 февруари, со почеток во 15:00 часот.
Очекувањата кај навивачите се големи, а тимот е мотивиран да ја започне сезоната со позитивен резултат.
Им посакуваме многу успех, спортска среќа и добра сезона на „комитите“.