Во мошне возбудлив натпревар, посебно во вторите 45 минути на последниот домашен натпревар тимот на Сиднеј Македонија забележа важна победа.
Иако “морските галеби” во 30-тата минута први дојдоа во водство со голот на Форнер (од слободен удар), сепак бодовите останаа на Џенсен парк за Сиднеј Македонија.
Оливиа Прајс во 67 минута го изедначи резултатот, а само две минути подоцна со голот на Минет ново водство на “морските галеби”.
Возбудувањата не престанаа. Шивон Едвардс во 72-та минута повторно го изедначи резултатот, а кулминацијата стигна само пет минути подоцна кога Ароусмит (од пенал) го постигна победоносниот гол за Сиднеј Македонија.
На едно коло пред крајот на првенството Сиднеј Македонија со 34 бода е на 6-то место на табелата.
Во последното коло, во недела, на 4 септември Сиднеј Македонија ќе игра со претпоследниот на табелата, Фудбал институт НЈВ, а натпреварот ќе се одигра на Валентајн Спортс Парк во Гленвуд со почеток во 15 часот.
На овој натпревар победата на Сиднеј Македонија не би требало да биде во прашање.
К.М.
