Национална премиер лига на НЈВ полуфинале: НЈВ Спирит –Рокдаел Илинден 1:2

Рокдаел Илинден направи пријатно изненадување совладувајќи го сезонскиот првак во полуфиналниот елиминационен натпревар за шампионската титула. Во првото полувреме се играше без голови. Но затоа веднаш штом започна вториот дел Алекс Урошевски, кој е златната копачка на “комитите” стапи на сцена во 47 минута и донесе водство од 0:1. Домаќинот успеа да изедначи во 59 минута преку Хеј Кејс на 1:1.

До крајот на регуларниот дел резултатот остана непромент и по краткиот одмор започна продолжението.

Само што започна второто полувреме Моуди Наџар постигна гол за ново водство на Рокдаел Илинден. Неизвесно до самиот крај се играше со шанси пред двата гола, и после преку 125 минути исцрпувачка игра “комитите” заслужено славеа победа.

Во другиот полуфинален натпревар АПИА Леикард го совлада Маркони со 2:0, и ќе биде противникот кој ќе се сретне со Рокдаел Илинден во финалето.

Останати вести