За жал немавме можност да видиме уште една победа на “комитите“, во средба на лидерот и последниот тим на табелата.
Натпреварот што требаше да се одигра на стадионот во Кембелтаун беше откажан поради лошите временски услови и квалитетот на теренот и оваа средба ќе се одигра во термин што ќе го договорат во иднина двете екипи.
Рокдаел Илинден оваа сезона има извонредна серија од седум победи во низа и со право се наоѓа на врвот на Националната премиер лига во НЈВ.
Вниманието на Рокдаел сега е свртено кон натпреварот за Купот на Австралија, каде се пречекува Албион Парк Вајт Иглс, на Спортскиот центар “Илинден“ во вторник навечер. Влезот е бесплатен и клубот очекува силна подршка од трибините. Почеток на средбата е во 19:45 часот.
Регуларното првенство продолжува в сабота, на 15 април, Рокдаел Илинден гостува кај Маркони Сталионс со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Рокдаел Илинден 24
АПИА Лејкард 22
Маркони Сталионс 19
Сиднеј ФК 19
Сиднеј Јунајтед 58 19
Блектаун Сити 16
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ Сити 15
Манли Јунајтед 13
Волонгонг Вулвс 11
НЈВ Спирит 11
Маунт Друит Таун 8
Сатерланд Шаркс 8
Вестерн Сиднеј 7
Централ Кост 5
Нортбриџ Булс Академи 4