Добра игра и уште еден успех за “комитите”, кои од почеток до крај играа за освојување на трите бода. Само што започна средбата, во 6 минута Брејден Сорџ ја затресе мрежата за водство од 1:0. Гостите успеаја да изедначат преку пенал во 21 минута, а прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Рој О`Донован за 1:1. Тоа само повеќе ги мотивира играчите на Рокдаел Илинден и во 32 минута Брендан Чолакијан повторно донесе водство од 2:1. Пред крај на првото полувреме како стрелец се запиша и Локи Констабл во 37 минута за 3:1.
Во второто полувреме воопшто не беше доведена во прашање победата и Олимпик својот втор гол го постигна во 92 минута повторно преку О`Донован за конечните 3:2. Сега Рокделе Илинден е на второто место зад подмладокот на Вестерн Сиднеј Вондерерс.
Во недела, на 21 април, Рокдаел Илинден гостува кај АПИА Леикард со почеток во 16:30 часот.
ТАБЕЛА
Вестер Сиднеј Вондерерс 27
Рокдаел Илинден 23
Маркони 22
Блектаун Сити 21
АПИА Лејкард 19
Сиднеј Јунајтед 17
Волонгонг Вулвс 14
Сент Џорџ Сити 14
Сиднеј Олимпик 12
Сент Џорџ Саинтс 10
НЈВ Спирит 9
Хилс Брамби 9
Сиднеј 8
Сатерланд 8
Манли Јунајтед 6
Централ Кост Маринерс4