Национална премиер лига на НЈВ, 11 коло, АПИА Леикард – Рокдаел Илинден 3:2

АПИА Леикард не дозволи никакво изненадување на оваа средба и од почеток до крај одржуваше водство. Првиот гол падна во 21 минута преку Бен Гибсон за 1:0. Десет минути подоцна како стрелец се запиша и Џек Стјуард за водство од 2:0 за Леикард. Пред да заврши првото полувреме во 41 минута Локлан Констабл намали на 2:1.

Второто полувреме едвај да започна и во 46 минута Рори Џордан зголеми на 3:1. На средина од вториот дел во 73 минута Алек Урошевски го постави конечниот резултат од 3:2, и со тоа само го ублажи поразот на Илинден.

Во недела, на 28 април, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Волонгонг Вулвс со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Вестерн Сиднеј Вондерерс 30
Рокдаел Илинден 23
АПИА Леикард 22
Маркони Сталионс 22
Блектаун Сити 21
Сиднеј Јунајтед 20
Волонгонг Вулвс 17
Сент Џорџ Сити 17
Сиднеј Олимпик 15
Сент Џорџ Сеинтс 13
НЈВ Спирит 9
Манли Јунајтед 9
Хилс Брамбис 9
Сиднеј 8
Сатерланд 8
Централ Кост Маринерс 4

Останати вести