Национална премиер лига на НЈВ, 16 коло, Рокдаел Илинден – Сент Џорџ Сити 2:0

Уште една победа за Рокдаел Илинден и три нови бодови за задржување на првото место на табелата, со еден бод пред АПИА Леикард. На локалното дерби најдобриот стрелец во лигата, Алек Урошевски, во 13 минута од пенал го доведе тимот до водство од 1:0.

Во второто полувреме предноста беше задржана а на десет минути пред крајот Сент Џорџ Сити остана со играч помалку, кога Доминик Кокс го заработи својот втор жолт и автоматско исклучување. Се играа последните мигови од средбата и во 90 минута Матју Кордиер одбранбениот играч на Илинден го постави конечниот резултат за 2:0.

Во сабота, на 1 јуни, Рокдаел Илинден гостува кај Маркони со почеток во 19 часот.

ТАБЕЛА

Рокдаел Илинден 38
АПИА Леикард 37
В.С. Вондерерс 34
Маркони 34
Блектаун Сити 31
Сиднеј Јунајтед 30
Сент Џорџ Сити 27
Волонгонг Вулвс 20
Сент Џорџ Саинтс 20
Сиднеј Олимпик 19
Манли Јунајтед 17
НЈВ Спирит 15
Хилс Брамбис 15
Сатерланд Шаркс 10
Сиднеј 8
Централ Кост Маринерс 7

Останати вести