Силен беше почетокот на “комитите” кои експресно во втората минута преку Алекс Урошевски дојдоа до водство од 0:1. Добрата игра продолжи и во 26 минута по третото изведување на корнер во низа Нико Ујдур со глава ја испрати топката во мрежата за 0:2. Потоа тимот непотребно се повлече да го брани водството, и по притисокот на Манли и неколку акции пред голот на Рикардо Ризо беше досуден пенал во 37 минута. Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Мат Сим за 1:2. Со овој резултат се замина на одмор.
Само што започна второто полувреме во 47 минута брза акција од одбрана во напад и младиот Стефан Фишер израмни на 2:2. Манли Јунајтед ја имаше иницијативата во поголемиот дел до пред крајот кога Рокдаел се обиде повторно да изненади. На крај резултатот остана непроменет и двете екипи мораа да се задоволат со поделба на бодовите.
Рокдаел Илинден: Ризо, Ујдур, Урошевски, Данзо, Антониу, Чолакиан, Констабл, Сорџ, Перчевски, Касела и Кордиер.
Во недела, на 11 јуни, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј Олимпик со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
АПИА Лејкард 40
Маркони Сталионс 37
Рокдаел Илинден 35
Сент Џорџ Сити 30
Сиднеј 26
Блектаун Сити 25
Сатерланд Шаркс 25
Сиднеј Јунајтед 24
НЈВ Спирит 24
Централ Кост 23
Сиднеј Олимпик 22
Волонгонг Вулвс 21
Манли Јунајтед 21
Маунт Друит Таун 21
Вестерн Сиднеј 14
Нортбриџ Булс 10