Во недела се играше средба помеѓу Илинден и Вондерерс за да се реши кој ќе биде на првото место на табелата, и навистина натпреварот беше борбен и квалитетен. Гостите први дојдоа до водство во 11 минута со голот на Дало Санди. Тоа беше подоцна зголемено на 0:2 со голот на Луал АНди во 43 минута. Во последните моменти од првото полувреме Локлан Констабл намали на 1:2.
Во второто полувреме следеше серија на Рокдаел Илинден со головите на Хантер Елиот во 76` и Блејк Ричуто во 81 минута за 3:2.
Во завршницата, кога се играше судиското продолжение, Вондерерс останаа со играч помалку а Рики Франсен заслужено доби црвен картон.
Предходно минатата седмица Рокдаел Илинден имаше настап во елиминациите за купот на Австралија и славеше висока победа над Феникс од 9:1. „Комитите“ се квалификуваа помеѓу 32 екипи и сега ќе играат во завршницата заедно со клубовите од А–лигата.
Во среда, на 12 јуни, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сент Џорџ Саинтс со почеток во 20 часот.
ТАБЕЛА
Рокдаел Илинден 41
АПИА Леикард 37
Вестерн Сиднеј
Вондерерс 37
Блектаун Сити 34
Маркони 34
Сиднеј Јунајтед 30
Сент Џорџ Сити 30
Волонгонг Вулвс 26
Манли Јунајтед 23
Сиднеј Олимпик 22
Сент Џорџ Сеинтс 21
НЈВ Спирит 18
Хилс Брамбис 18
Сатерланд Шаркс 13
Сиднеј 11
Централ Кост Маринерс 8