Национална премиер лига на НЈВ, 2 коло, Сент Џорџ Саинтс – Рокдаел Илинден 1:2

„Комитите“ со среќа и одлучност не дозволија да бидат поразени на оваа средба.  Во првото полувреме Сент Џорџ Саинтс имаше неколку шанси што не ги искористи и резултатот со кој фудбалерите заминаа на одмор беше без голови.

Во вториот дел, по досудениот пенал, Трој Данаскос го доведе домаќинот до водство. Рокдаел Илинден успеа да изедначи дури во 87 минута преку Брендан Чолакиан на 1:1. За победничкиот гол се чекаше до 92 минута кога Бреи Овенс ја затресе мрежата за радост на сите навивачи на Илинден и конечен резултат од 1:2.

Во сабота, на 22 февруари, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Маркони Сталионс со почеток во 19 часот.

Останати вести