Рокдаел Илинден ја постигна својата четврта победа во низа, совладувајќи го убедливо Волонгонг Вулвс со 3:1 на стадионот WIN во петокот вечерта.
Комитите беа немилосрдни во првото полувреме и набргу остварија три гола предност. Резултатот го овтори Џејден Касела со голови во 13 и 30 минута за 0:2. Од лошо на полошо му тргна на домаќинот, кога на тоа се надоврза извонредниот Алек Урошевски во 32 минута зголемувајки на 0:3.
Волонгонг едвај дочека крај на полувремето во кое Рокдаел беше во целосна контрола и имаше катастрофални 45 минути од натпреварот.
Волонгонг Вулвс излезе во второто полувреме со намера да го ублажи поразот. Се обидуваа на сите начини да стигнат до голот на Давид Брадашевиќ и во 64 минута после едно изведување на корнер тоа му успеа на Мирза Муратовиќ кој го постигна почесниот гол за 1:3.
Рокдаел Илинден во завршницата имаше шанса да го зголеми водството но немаше среќа, а тоа веќе не беше ни важно бидејќи се освоени бодовите со убедлива победа.
Тренерот на Рокдаел Илинден, Пол Ди, после натпреварот беше задоволен од играта во која сите играчи го дадоа максимумот и остварија победа во гости.
Во недела, на 19 март, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Вестерн Сиднеј со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Сиднеј Јунајтед 15
Рокдаел Илинден 15
АПИА Лејкард 14
Маркони Сталионс 10
Блекатаун Сити 10
Сент Џорџ Сити 10
Сиднеј Олимпик 9
НЈВ Спирит 8
Волонгонг Вулвс 8
Манли Јунајтед 7
Вестерн Сиднеј 6
Сиднеј ФК 6
Централ Кост 5
Маунт Друит Таун 4
Сатерланд Шаркс 4
Нортбриџ Булс 2