Средба во која се постигнати седум голови и беше полна со неизвесност и пресврти. „Комитите“ во првото полувреме беа изненадени на гостувањето кај АПИА Леикард, кога после 17 минути игра Џек Стјуарт го отвори резултатот за водство на домаќинот од 1:0. Пред крај на првиот дел во 42 минута Пресли Ортиз зголеми на 2:0.
Само што започна второто полувреме златната копачка на “комитите” се разигра и Алек Урошевски три пати ја тресеше мрежата во 48`, 57 и 71 минута за 2:3. АПИА Леикард се најде во незгодна позиција но во завршницата успеа да направи пресврт. Во 86 минута Џошуа Симонс прво изедначи на 3:3. Додека конечниот резултат беше поставен во 92 минута со голот на Сеиа Камбајаши за 4:3.
Во недела, на 6 април, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на НЈВ Спирит со почеток во 15:00 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 20
Маркони Сталионс 18
АПИА Леикард 14
Рокдаел Илинден 14
Манли Јунајтед 12
Блектаун Сити 12
Сент Џорџ Саинтс 11
Сатерланд 10
Волонгонг Вулвс 10
Сиднеј Олимпик 9
Сиднеј Јунајтед 9
Маунт Друит Таун 8
Сент Џорџ Сити 7
Сиднеј 7
Централ Кост М 5
В.С. Вондерерс 4