“Комитите“ го продолжија својот силен почеток на сезоната со уште една убедлива победа од 3:0 над Маунт Друит Таун Ренџерс минатиов петокот, зацврстувајќи ја првата позиција по осум одиграни кола.
Од самиот почеток Рокдаел Илинден не губеше време преземајќи ја иницијативата и имаше шанса во првите шеесет секунди преку Чолакиан кој беше непрецизен.
Сепак не мораше да се чека долго за да се затресе мрежата бидејки во 5 минута Чолакијан го донесе водството за Илинден од 0:1. Предноста се зголеми во 9 минута преку Алек Урошевски за 0:2, воедно ова беше неговиот единаесетти гол оваа сезона.
Во второто полувреме Чолакијан се запиша повторно како стрелец во 51 минута за конечните 3:0.
По натпреварот тренерот на Илинден, Пол Ди, беше воодушевен од победата и трите освоени бода .
– Ова не беше нашиот најдобар настап годинава, но бевме цврсти во дефанзивата и напаѓавме добро. Постигнавме три гола и мислам дека можевме да постигнеме уште неколку, рече Ди.
Рокдаел Илинден: Дејвид Брадашевиќ, Лаклан Грифитс, Никола Ујдур, Алек Урошевски, Исак Данцо, Брендан Чолакиан (Мохамед Ахмед ‘77), 11. Локлан Констабл (Никола Кулески ‘77), Брајден Сорџ, Лоик Пујо (Вилијам Муч ‘65), Џејден Касела (Питер Кекерис ’65) и Метју Кордие (Џејми Перчевски ‘77)
Во недела, на 2 април, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј Јунајтед со почеток во 15 часот.