Минатава недела Бродмедоу Маџик ја совлада убедливо екипата на Чарлстаун со 4:2. Стрелци на головите за Бродмедоу беа: Вил Инграм, Џејден Стјуардсон, Рајли Смит и Џејмс Креснар.
Во другото финале играа Маитланд и Вестон Беарс 0:2. Со овие резултати испаѓа екипата на Маитланд од понатамошен натпревар за шампионската титула.
Во сабота, на 26 август, сезонскиот првак Ламбтон Џафас игра со нашата Бродмедопу Маџик во 14:30 часот. Во другото полуфинале в недела, се среќаваат Чарлстаун и Вестон Беарс.