Национална премиер лига на северен НЈВ, 12 коло, Адамстаун Розбад – Бродмедоу Маџик 2:8

Кандидатот за испаѓање од лигата беше прегазен на домашен терен и доби вистинска лекција како се игра фудбал. Бродмедоу Маџик од почеток најави дека е дојден за победа и со головите на Бакер во 9` и 13 минута поведе со 0:2. Адамстаун Розбадс намали преку Давис во 24 минута на 1:2. Но после тоа се редеа голвите на Велс 33` и 43 минута и Смит во 34 минута за убедливи 1:5.

Во второто полувреме уште еден гол за домаќинот преку Фајковиќ во 50 минута за 2:5. Следеа три голови за Маџик преку: Стувардстон 68`, Бримора 80` и Инграм во 89 минута за конечните 2:8.

Минатава среда Бродмедоу Маџик забележа исто така висока победа во елиминациниот натпревар за купот на Австралија, совладувајќи ја екипата на Лејк Маквори со 1:6.

Овој вторник Бродмедоу Маџик ќе игра заостаната средба од осмото коло и ја пречекува екипата на Маитланд со почеток во 20 часот.

Потоа в петок, на 24 мај, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Лејк Маквори со почеток во 20 часот.

ТАБЕЛА

Ламбтон Џафас 33
Бродамедоу Маџик 27
Чарлстон Азури 24
Еџворт 17
Валентин 16
Маитланд 14
Њукастел Олимпик14
Вестон Воркерс 13
Кукс Хил Јунајтед 9
Њу Ламбтон 4
Лејк Маквари 3
Адамстаун Розбад 2

Останати вести