Национална премиер лига на северен НЈВ, 22 коло, Бродмедоу Маџик – Валентин 2:1

Победа над Валентин од 2:1 и освојување на три нови бодови за Бродмедоу Маџик. На другиот натпревар, во кој играа второ и третопласираниот тим, со победата на Вестон Беарс над Еџворт Иглс се зацврсти предноста на “магичните”  од 6 бодови на врвот на НПЛ на северен Нов Јужен Велс, на една недела до крајот. Така што уште сега можат да слават играчите на Бродмедоу Маџик кои втора година по ред се сезонски шампиони. 

Во недела, на 10 август, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Кукс Хил Јунајтед со почеток во 14 часот.

ТАБЕЛА
Бродмедоу Маџик 56
Еџворт Иглс 50
Вестон Беарс 44
Ламбтон Џафас 29
Маитланд 28
Њукастел Олимпик 25
Кукс Хил Јунајтед 25
Чарлстон Азури 24
Белмонт Сванси Ју. 19
Валентин 16
Адамстаун Розбадс 14
Њу Ламбтон 7

Останати вести