Национална премиер лига на северен НЈВ, 10 коло, Валентин – Бродмедоу Маџик 2:5

Минатата сабота Бордмедоу Маџик се врати во форма по поразот од предходното коло со импресивна победа од 5:2 над Валентин.
Маџик започна со агресивна игра и по само три минути игра Рајли Смит ја затресе мрежата за 0:1. Притисокот на гостите не престана и во 30 минута Смит повторно се запиша како стрелец за 0:2. Пред да заврши првиот дел Џош Бенсон зголеми на о:3, завршувајќи го феноменалното прво полувреме за Маџик.
Валентин заигра поангажирано по одморот и Николас Мартинели постигна гол во 55 минута за 1:3. Повторно на сцена стапи Смит постигнувајќи го својот трет гол на натпреварот за 1:4. Џеред Бејкер му се приклучи постигнувајќи го петтиот гол за Маџик со елегантен потег, лобувајќи го голманот на Валентин и 1:5.
Кога изгледаше дека осигурена е победата Сем Кампер во 69 минута доби црвен картон и Маџик остана со 10 играчи. Тоа Валентин веднаш го искористи и Мартинели во 73 минута го постигна својот втор гол за 2:5.
Домаќинот продолжи да притиска и направи нервозен финиш за Маџик, кој беше принуден да се брани во последните 20 минути.
Тренерот на Бродмедоу Маџик, Мајкл Бенис, беше задоволен од играта на својата екипа во првото полувреме, но помалку задоволен од прикажаното во второто.
Во недела, на 21 мај, Бродмедоу Маџик игра во гости кај Вестон Воркерс со почеток во 14:30 часот.

Останати вести