Национална премиер лига на северeн НЈВ, 9 коло, Адамстаун Розбадс – Бродмедоу Маџик 0:5

Бродмедоу Маџик победи убедливо со 5:0 над Адамстаун Розбадс, а четири постигнати гола во првите 26 минути го решија натпреварот уште пред крај на првото полувреме.
Маџик започна фуриозно и малку време требаше после изведениот корнер за Рајли Смит највисоко да скокне и да постигне гол.Три минути подоцна Доминик Бримора доведе водство од 2:0. Во 23 минута, прекрасна топка од Бејкер го најде Смит и тој зголеми на 3:0. Две минути подоцна комбинација од Бејкер до Бејли Велс и негова извонредна завршница за 4:0.
Само што започна вториот дел во 49 минута Бејкер упати топка до Кампер кој ја затресе мрежата за 5:0.
Тренерот на Бродмедоу Маџик, Џон Бенис беше воодушевен од играта. „Првите 20 минути беа извонредни, бевме многу ефикасни со нашата игра“, рече Бенис.
Во недела, на 5 мај, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Чарлстаун Азури со почеток во 14:30 часот.

Останати вести