Натпревар во кој гостисте треба да се пресреќни што украдоа бод на Џенсен Парк. Сиднеј Македонија дојде до водството рано на средбата и имаше многу шанси да ја осигури победата, но сепак не можеше да го постигне гол и покрај тоа што долго имаше играч повеќе. Никола Тодороски во шестата минута постигна гол за 1:0. Но после тоа голманот на Раидерс, Миша Марсон направи неколку извонредни одбрани, едната од белата точка.
Ситуацијата за гостите потоа од лоша стана полоша, откако прво беше исклучен член на стручниот штаб, а малку после тоа и играчот Јонатан Себхату доби црвен картон.
Сепак, Раидерс успеаја на крај да спасат бод кога Себастијан Малфара од пенал во 100 минута постигна гол за израмнување и конечен резултат од 1:1.
Во сабота, на 15 април, Сиднеј Македонија гостува кај Маунтис Вондерерс со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 25
Сент Џорџ 22
Блектаун Спартанс 18
СД. Раидерс 17
Нордерн Тајгерс 16
Кантербури Бенкстаун 16
Бонириг Вајт Иглс 15
Хакоа Сиднеј Сити Ист 15
Интер Лајонс 15
Ридалмер Лајонс 15
Макартур Рамс 13
Сиднеј Македонија 11
Дулвич Хил 9
Маунтис Вондерерс 7
Данбар Роверс 6
Централ Кост Јунајтед 5