Национална премиер лига 1 на НЈВ, 11 коло, Маунтис Вондерерс – Сиднеј Македонија 0:1

По нерешениот резултат минатиот викенд, Сиднеј Македонија одговори со победа од 1:0 на гостински терен против Маунтис Вондерерс.
“Лавовите“ од Бенкстаун очајно сакаа да ги освојат трите бода, а Џонатан Гроздановски го постигна единствениот гол на почеток на второто полувреме во 46 минута. Гроздановски од прва шутираше со волеј во долниот десен агол и ја затресе мрежата.
После тоа се играше дефанзивно, во стил на бункер и не се дозволи никакво изненадување.
Во сабота, на 22 април, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Бонириг Вајт Иглс со почеток во 19 часот.

Останати вести