Национална премиер лига 1 на НЈВ, 16 коло, Хилс Јунајтед –Сиднеј Македонија 2:0

Лидерот Хилс Јунајтед ја продолжи својата серија од единаесет натпревари без пораз со победата од 2:0 над Сиднеј Македонија. Резултат сепак не го одразува прикажаното на теренот. Натпреварот беше изедначен се до 70 минута кога Мичел Смит го постигна првиот гол на средбата за 1:0. После тоа голманот на Хилс Јунајтед, Рајан Вуд, направи неколку клучни одбрани.
Во судиското продолжение во 94 минута Вејд Џовенали го постави конечниот резултат од 2:0.
Во сабота, на 27 мај, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Сент Џорџ со почеток во 19 часот.

ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 36
Сент Џорџ 30
СД Раидерс 29
Бонириг Вајт Иглс 27
Кантербури Бенкстаун 27
Интер Лајонс 27
Блектаун Спартанс 26
Ридалмер Лајонс 22
Сиднеј Македонија 21
Нордерн Тајгерс 20
Макартур Рамс 20
Хакоа Сиднеј Сити Ист 18
Дулвич Хил 17
Донбар Роверс 14
Маунтис Вондерерс 12
Централ Кост Јунајтед 10

Останати вести