Пеналот во судиското продолжение и обезбеди на Сиднеј Македонија да победа над Интер Лајонс на Џенсен Парк. Ова се важни три бодови посебно што екипата ги загуби последните четири натпревари. Во првото полувреме трудот беше награден со голот на Џордан Морфитис во 40 минута за 1:0.
Во второто полувреме, играта стана пожестока, и гостите останаа со играч помалку кога во 58 минута Оливер Грин доби црвен картон. На 12 минути пред крај на средбата, по извонредното изведување на слободен удар, Николас Парас ја затресе мрежата за 1:1.
Сепак, победата во 93 минута дојде преку прецизната егзекуција на Марк Мориќ од белата точка. “Лавовите“ од Бенкстаун сега се на 11 позиција со 24 бодови.
Во сабота, на 24 јуни, Сиднеј Македонија гостува кај Хакоа Сиднеј Сити Ист со почеток во 17 часот.