Минатата сабота Хакоа обезбеди висока победа над Сиднеј Македонија на стадионот “Хенсли Атлетик“. Благодарение на четири различни голови започнувајќи од Бен Фукс 10’, Семјуел Јанг 59’, Кам Филпот 67’, Џорџ Тусон-Фирт 76 минута за 4:0.
Првото полувреме беше со груба игра и двете страни се бореа за контрола и правеа грешки. Во второто полувреме доминантен беше домаќинот и заслужено победи.
Фрустрацијата зовре во завршницата и Сиднеј Македонија остана со играч помалку кога Даниел Бакрданикоски во 88 минута доби црвен картон.
Во сабота, на 1 јули, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Централ Кост Јунајтед со почеток во 19 часот.