Кантербери Банкстаун обезбеди тесна победа над Сиднеј Македонија на Џенсен Парк. Ова е разочарувачки пораз на локалното дерби за Сиднеј Македонија. Стрелец на единствениот гол беше Хаиро Торн Фернандез во 8 минута.
Откако беше примен гол рано на средбата, Сиднеј Македонија играше многу подобро во второто полувреме со влегување во игра на Никола Тодороски.
Следното коло е последно оваа сезона и в сабота, на 26 август, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Нордерн Тајгерс со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 63
Бонириг Вајт Иглс 58
Сент Џорџ 57
СД Раидерс 52
Кантербури Банкстаун 52
Нордерн Тајгерс 50
Интер Лајонс 49
Блектаун Спартанс 43
Сиднеј Македонија 34
Хакоа Сиднеј Сити Ист 33
Ридалмер Лајонс 33
Дулвич Хил 32
Макартур Рамс 32
Данбар Роверс 28
Маунтис Вондерерс 26
Централ Кост Јунајтед 17