Национална премиер лига 2 на Викторија, 2 коло, Вереби Сити – Престон Македонија 0:1

Пред почеток на средбата со минута молк се оддаде почит за легендарниот фудбалер Џорџ Мекмилан. Претседателот на Престон Македонија, Давид Цветковски, се погрижи клубот достојно да му оддаде почит на омилениот фудбалер на клубот. Роден во Шкотска во 1952 година, Џорџ Мекмилан пристигнал во Перт во 1974 година и брзо дал свој белег како вонсериски напаѓач за Перт Азури, освојувајќи ја “златната копачка“ во Првата дивизија во 1975 и 1976 година. Искористувајки ја можноста да обезбеди извонреден напаѓач, Престон Македонија го потпиша Мекмилан во своите редови за 5.000 долари.

Во следните три сезони Мекмилан со Престон Македонија постигна 39 гола на 64 настапи во Викториската држава лига, потврдувајќи ја својата репутација. Тој беше клучен и за освојувањето на првиот шампионат на клубот во 1980 година, и промоцијата во Националната фудбалска лига следната година.

Во наредните пет сезони на НФЛ, Мекмилан стана столб во одбраната, секогаш присутен во 124 лигашки натпревари кои кулминираа со настапите во финалето на НФЛ и Докерти Купот во 1985 година.

Инаку, на теренот во саботата само што започна натпреварот, од небото започна дожд да паѓа. На средбата доминираа “лавовите“ но на крај од првото полувреме се замина без голови 0:0.

Во вториот дел решавачки беше голот што го постигна Конор Бел за 0:1 и прва победа оваа сезона на Престон Македонија.

Во петок, на 3 март, Престон Македонија гостува кај Данденонг Сити со почеток во 19:45 часот.

Фудбалерите му оддадоа почит на легендата на Престон Македонија

Останати вести